Кина планира да воведе нов закон за заштита на своите компании од странски санкции, објавија денеска кинеските медиуми.
Парламентот на земјата расправаше за предлог-законот за спротивставување на странските санкции, соопшти државната телевизија, без да наведе повеќе детали.
Минатата недела, Пекинг ги обвини САД за „потиснување“ на кинески компании, и издаде тајни закани за одмазда откако американскиот претседател Џо Бајден ја прошири својата црна листа на компании, во кои Американците не можат да инвестираат.
Списокот со 59 кинески компании, кои од 2 август не смеат да имаат американски инвестиции, вклучува главни телекомуникациски гиганти како што се China Mobile, CCTV Hikvision, China Railway Construction Corp. и China National Offshore Oil Corporation (CNOOC).
Новиот закон се очекува да биде усвоен следната година.