Кинескиот извоз на автомобили достигна нов месечен рекорд во јули, покажуваат најновите индустриски податоци на Кина.
Автомобилските компании во земјата извезле околу 290.000 единици автомобили минатиот месец, што е зголемување за 67 % на годишно ниво и 16,5% во однос на јуни, според Кинеската асоцијација на производители на автомобили.
Јулискиот извоз на нови електрични возила изнесувал вкупно 54.000 единици, што е зголемено за речиси 90% во однос на јуни.
Во првите седум месеци од 2022 година, извозот на автомобили од Кина достигнал околу 1,51 милиони единици, при што патничките возила го зазедоа лавовскиот дел.
Извозот на автомобили во текот на целата година може да достигне 2,4 милиони единици, проценува Здружението.
Продажбата на автомобили во Кина продолжи да расте во јули, поткрепена со напорите на земјата да ја зголеми потрошувачката на автомобили, покажаа индустриските податоци.
Продажбата на автомобили во Кина во јули се зголеми за 29,7 % на годишно ниво, на 2,42 милиони единици.
Производството на автомобили се зголеми за 31,5% на годишно ниво, достигнувајќи 2,46 милиони единици во тој период.
Во јули, продажбата на патнички возила се зголеми за 40 % на годишно ниво, на 2,17 милиони единици, покажаа податоците.
Конкретно, продажбата на нови енергетски возила минатиот месец достигнала 593.000 единици, што е за околу 120% повеќе.
Според податоците, во периодот јануари-јули, продажбата на автомобили изнесува 14,48 милиони единици, што е пад од 2 % на годишно ниво.
Очекувањата се дека автомобилскиот пазар ќе одржи стабилен раст во август, поттикнат од политиките за про-раст. Се предвидува брз раст во септември, кој е традиционален врвен месец за продажба на автомобили.
Сепак, здружението предупреди за несигурноста во индустриските синџири што ги носи сложената глобална ситуација, повикувајќи ги претпријатијата да внимаваат на ситуацијата и активно да се справуваат со предизвиците.