Кина денес ги критикуваше обидите за поврзување на одбраната на Украина со потребата од заштита на Тајван од кинеска инвазија, што е малку прикриена алузија на говорот на францускиот претседател Емануел Макрон во Сингапур синоќа.

Зборувајќи за ризиците од раскол меѓу Кина и САД, Макрон на состанокот за одбрана како дел од дијалогот Шангри-Ла праша, доколку на Русија ѝ биде дозволено да преземе кој било дел од Украина без ограничувања, „што би можело да се случи тогаш со Тајван?“

Во објава на Фејсбук, кинеската амбасада во Сингапур изјави дека споредувањето на прашањето за Тајван со украинското е неприфатливо.

Двете се од различна природа и воопшто не можат да се споредуваат, се вели во објавата, истакнувајќи дека Тајван е целосно внатрешно прашање на Кина.
Ако некој се обиде да ги осуди „двојните стандарди“ со двојни стандарди, единствениот резултат што можеме да го добиеме се сепак двојни стандарди, се вели во објавата.

Во соопштението на амбасадата не се споменува директно Макрон, но беше придружено со фотографија од него како зборува на настанот. Пекинг претходно испрати министри за одбрана и други високи воени претставници на годишниот состанок, кој завршува утре, но оваа година испрати делегација од релативно низок ранг.