Во Кина денеска се одржа судењето против Мајкл Спејвор, еден од двајцата канадски државјани обвинети за шпионажа и притворен од декември 2018 година, соопшти дипломатот во канадската амбасада во Кина Џим Никел.
Американски дипломат пред судницата во Дандунг изјави дека судењето зад затворени врати започнало во 10 часот по локално време, дека завршило и дека претстои да биде изречена пресудата.
Спејвор и поранешниот дипломат Мајкл Ковриг беа обвинети во јуни минатата година за шпионажа и откривање на државни тајни.
Нивното приведување беше потег што се сметаше за притисок врз Отава да ја ослободи финснсиската директорка на Хуавеи Менг Ванџу. Таа беше уапсена на барање на САД на 1 декември 2018 година на аеродромот во Ванкувер.
Апсењето на директорката на Хуавеи, а потоа и на двајцата Канаѓани, предизвика невидена дипломатска криза меѓу Пекинг и Отава.
Судскиот процес е спроведен во време кога американскиот државен секретар Ентони Блинкенодржува средби со кинески колеги во американската држава Алјаска.