Претставници на германскиот фудбалски шампион Баерн напредуваа во преговорите за обновување на договорот со напаѓачот Кингсли Коман.

Двете страни постигнаа начелен договор, пишува „Билд“.

Новиот договор на 25-годишниот Французин се очекува да биде со важност до 2026 година. Актуелниот договор на Коман со клубот од Минхен е пресметан до 30 јуни 2023 година.

Дваесет и петгодишниот Французин оваа сезона одигра 17 натпревари за Баерн и постигна пет гола и две асистенции.