Заклучно со 15 мај, во Република Кипар, првата доза од вакцината ја примиле 324.573 лица, односно 43,9 отсто од населението, додека пак целосно имунизирани се 14,7 проценти од популацијата (108.789 граѓани), јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Министерството за здравство на Кипар, планот за вакцинација предвидува во првата половина на 2021 година да биде вакцинирано, барем со една доза, 65 отсто од населението.

Од почетокот на пандемијата, на Кипар се регистрирани вкупно 71.064 случаи на Ковид-19, а починаа 346 лица.