Од денеска на Кипар почнува пријавувањето за имунизација на лицата постари од 67 години, а досега, спроведени се 99.275 вакцинации, јави дописничката на МИА од Атина.
Според официјалните податоци од Министерството за здравство на Кипар, заклучно со неделата, првата доза од вакцината ја примиле 70.534 лица, а 28.741 граѓани се веќе вакцинирани и со двете дози.
-Според податоците од Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ECDC), со првата доза, Кипар вакцинираше 9,2 отсто од населението на возраст од над 18 години и е на третото место меѓу европските земји во однос на имунизациската покриеност, соопштија од Министерството за здравство.
На Кипар се користат вакцините на „Фајзер“/„БиоНТек“, на „Модерна“ и на „АстраЗенека“.
Пред точно една година, на 9 март 2020 година на Кипар беа регистрирани првите два случаи на Ковид-19, а досега во земјата има 37.230 зарзаени, а починаа 233 лица.