Кипар привремено ја одложува имунизацијата со вакцината на „АстраЗенека“ до 18 март, соопштија од кипарското Министерство за здравство, јави дописничката на МИА од Атина.
Објаснуваат дека денеска било одлучено привремено да се прекине вакцинацијата со конкретната вакцина, во исчекување на мислењето на Европската организација за лекови (ЕМА) која разгледува низа случаи на тромбоза кај лица кои ја примиле вакцината на „АстраЗенека“.
Од Министерството за здравство на Кипар додаваат дека процесот на имунизација со вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ продолжува регуларно.