Келвин Киптум е новиот крал на маратонските делници, откако атлетичарот од Кенија испиша историја на само третата најдола делница која ја трчаше во својата кратка кариера.
Киптум ја поништи страшната долгогодишна доминација на неговиот сонародник Елиуд Кипчоге, па откако веќе се закани во претходните два обиди, третиот му донесе среќа благодарение на извонредните услови за трчање во Чикаго.
Младиот 23-годишен Кениец се покажува како вистински наследник на далеку попознатиот Кипчоге, но фактот што го подобри неговото историско време за 30 секунди е најава дека може да ја спушти границата и под два часа.
Киптум ја мина делницата од 42 километри за 2 часа и 35 секунди, подобрувајќи го рекордот на легендарниот Кипчоге за повеќе од 30 секунди.
Келвин стана првиот човек во историјата кој истрча маратон во границата од 2 часа и една минута, но неговиот потенцијал е навистина застрашувачки и прогнозите се дека сериозно ќе напредува на наредните маратонски трки.