КИРЕ МИХАИЛОВ од Струмица, избркан од работа заради еден ФБ статус против власта

/ 09.10.2020

Кире МИХАИЛОВ, Струмица

Добровечер драги сограѓани, соборци и добронамерници, но пред се Македонци. Јас сум Кире Михаилов од Струмица, еден во низата луѓе неистомисленици на оваа власт, кој поради тоа не најдовме на улица. Се сеќавате на Валандово и изјавата дека од чистачка до министер ќе не избркаат сите? Се сеќавате на изјавата дека живи луѓе ќе јаделе? Е токму тоа ни се случува, секојдневно во секоја институција, на секое поле ни се случува, рече во своето обраќање на протестот, Кире Михаилов.

-Работев во ЈП Македонски шуми каде чесно и професионално си ја работев својата работа, работа од која ја издржував мојата фамилија. Меѓутоа замислете, избркан сум од работа заради еден фејсбук пост, и тоа во период кога бев на неплатено отсуство, т.е. не бев во работен однос, за жал тоа е реалноста во Македонија. За една напишана реченица против власта. Може ли да замислите до кај може да им оди умот и што може да направат и на што се се подготвени. За која демократија ние зборуваме, слобода на говор, што беше тоа ? Ова не е демократија, овде нема ниту слобода на говор, овде нема ниту човечност. Овде има реваншизми и терор. Ова што ми се случува мене е прогон врз мојата фамилија и лично врз мене затоа што не се согласувам со погубните политики на СДСМ и еве јавно како и до сега повторно ќе кажам дека не знаат што прават, и дека не само што е лошо, никогаш не било полошо. Ова се случува со секој еден кој што ќе се спротивстави на оваа власт на било кој начин, и ова го прават затоа што се плашат и на овој начин мислат дека ќе не скршат, но се лажат, ниту ќе не скршат, ниту ќе не предомислат, само ќе не мотивираат. Заев сака да се откажеме и да избегаме од државата, сите ние кои не се согласуваме и се спротивставуваме на неговите погубни политики за да може да го тероризира секој еден. Но тоа нема да се случи. Јас лично ќе се борам за Македонија затоа што сум Македонец и затоа што си ја сакам Република Македонија. Јас сум од Струмица и живеам во Струмица можам да ви кажам и гарантирам дека во Струмица со Заеви нема живот. Нема, затоа што цела Струмица е окупирана од нив. Никој не може да тргне на работа ако нема амин од Заеви, никој не може да почне приватен бизнис ниту да го работи доколку не е вмежен во нивниот октопод на бизниси. Тоа е реалноста во Струмица, тоа е реалноста која ја преточија низ цела Република Македонија. На ова насилие, раваншизам и терор мора да му се стави крај. И ќе му ставиме крај. Затоа, одовде и сега јасно и гласно да им порачаме на Зоран Заев и неговите послушници дека ќе не гледаат овде и секаде, сега и секогаш кога ќе биде потребно затоа што Македонија која  ним не им значи ништо, таа нам ни е сѐ, истакна Михаилов.

Ќе не гледаат додека не го го потрошиме и последниот атом од нас, затоа што Македонија ни е аманет на нас, затоа што Македонија ќе биде аманетот од нас. За крај да сте ми живи, здрави и долговечни, да ни е вечна организацијата, да ни е вечна и вековита Република Македонија!


Од истата категорија