Полицијата повторно почна напад врз резиденцијата на поранешниот претседател на Киргистанм, Алмазбек Атамбајев.
– Околу 200 припадници на милицијата повторно тргнаа во напад и употребуваат специјални средства. Околу 400 негови приврзаници на Атамбајев пружаат отпор. Немаат оружје само камења и стапови, изјави неименуван соработник на Атамбајев.
Приврзаниците на Атамбајев го одложија протестот во Бишкек и тргнаа кон домот на Атамбајев, што се наоѓа во селото Кои-Таш, на 20 километри јужно од главниот град на Киргистан.
Според дел од медиумите во домот на Атамбајев избувна пожар.
Тоа е нов обид за апсење, додека синоќа полицијата не успеа да го приведе Атамбајев, кој се соочува со обвиненија за корупција и злоупотреба на службената должност.
Атамбајев денеска призна дека тој отворил оган врз припадниците на специјалните единици, кои се приближувале кон неговата резиденција.
– Моите приврзаници немаа оружје. Јас пукав за време на нападот, истакна Атамбајев пред новинарите, додавајќи дека немал намера некого да повреди.
Тој нагласи дека сака да помогне во ослободување на припадниците на специјалните единици Алфи, кои се заробени од неговите приврзаници и кои се наоѓаат во притвор во неговиот дом.
Киргистанските специјални единици вчера почнаа операција за апсење на Атамбајев, кој е осомничен за корупција, меѓутоа неговите приврзаници пружија отпор, при што еден специјалец е убиен, а 52 лица се повредени, меѓу кои има и новинари.
Актуелниот киргистански претседател Собонај Женбеков изјави дека Атамбајев го прекршил Уставот давајќи оружен отпор врз претставници на законот, кои требале да го уапсат.