Ситуацијата во киргистанскиот главен град, Бишкек, полека се стабилизира, по политичките немири и судири меѓу различните политички фракции, што избувнаа на 5 октомври, откако беа соопштени првичните рзултати од парламентарните избори во земјата.

Претставник на градската команда денеска изјави дека по воведувањето на полицискиот час во главниот град немало сериозни прекршувања на законот.

На социјалните мрежи се наведува дека приврзаниците на новоназначениот премиер Садир Жапаров ноќеска славеле пред неговиот дом до 23 часот, иако полицискиот час трае од 21 до 5 часот наутро, пренесе Тасс.

 

Во градот се распоредени силни воени единици и вооружување, поставени се контролни пунктови на влезовите, а на граѓаните им е ограничено движењето.

По 18 часот забранети се продажбата на алкохолни пијалоци и сите масовни собири, но јавниот превоз и продавниците работат нормално.