Џон Киријаку е поранешен видок офицер на ЦИА. Откако бил „свиркач“ з аметодите на мачење кои ЦИА ги применува, бил осуден на две години затвор. Останал без работа, без сопругата, без децата, но вели дека пак ги направил тоа. Во овој дел од подкастот со младиот Стивен Бартлет, зборува за аферата Епштајн:

Стивен Бартлет: Дали мислиш дека Џефри Епштајн бил шпион?

Џон Киријаку: Верувам дека бил шпион.

Стивен Бартлет: И за кого мислиш дека работел?

Џон Киријаку: За Израелците. Убеден сум дека бил за Израелците.

Стивен Бартлет: Зошто?

Џон Киријаку: Џефри Епштајн е некаков стереотипен пример што го даваат на обуките за нешто што се нарекува „агент за пристап“. Ова е поинаков вид регрут. Ако си странска разузнавачка служба и сакаш информации одблиску – од поранешен претседател, од извршен директор на најголемата компанија во светот, од член на британското кралско семејство – нема да ги регрутираш тие луѓе. Нема да ги регрутираш Бил Клинтон, Бил Гејтс или принцот Ендру. Наместо тоа, го правиш следното најдобро нешто – регрутираш некој што има редовен пристап до нив.

А тој човек што ќе го регрутираш треба да направи тие луѓе да се чувствуваат удобно и ценето. Па затоа му даваш многу пари. Така тој има куќа на остров или го има целиот остров. И можеби носиш млади девојки, ги ставаш во компромитирачки ситуации, во случај да ти затреба нешто што се нарекува „компромат“ – компромитирачки фотографии.

Сега знаеме дека куќата на Џефри Епштајн имала скриени видео-камери буквално во секоја просторија, вклучувајќи ги и бањите. Зошто? Зошто би го интересирало што се случува, освен ако не било за да ги искористи тие информации против луѓето? Само Израелците и Русите користат уцена како мотиватор.

Стивен Бартлет: Значи, дали тие би го направиле Џефри Епштајн богат?

Џон Киријаку: Да.

Стивен Бартлет: За да му го овозможат тој пристап. Како би можеле да го направат тоа?

Џон Киријаку: Тоа е лесно. Владите се единствените што навистина можат неограничено да перат пари. Исто така, тоа може да се направи преку недвижности, преку уметнички дела и преку коњи. Тоа се трите најлесни начини за перење пари.

Стивен Бартлет: Веројатно, во некој момент би проговорил.

Џон Киријаку: Не.

Стивен Бартлет: Не?

Џон Киријаку: Но, тоа би објаснило зошто добил толку поволен договор во 2006 година. Станува збор за човек осуден за сексуални злосторства врз малолетници, а добива 6 месеци домашен притвор со електронска алка. Во оваа земја имаме задолжителни минимални казни. Тоа е задолжителен минимум од 5 години за прв прекршок.

Стивен Бартлет: Тој дефинитивно имал некаква интересна моќ, нели?

Џон Киријаку: Алекс Акоста, кој бил обвинител во тоа време, изјави дека му било наредено од државниот обвинител да му го даде тој поволен договор на Епштајн. Па, кој е единствениот што може да му нареди нешто на државниот обвинител? Претседателот. Значи, дали било затоа што Епштајн работел против Клинтон?

Стивен Бартлет: Ако треба да се обложиш на сè што имаш – дали бил шпион или не бил шпион.

Џон Киријаку: Да.

Стивен Бартлет: На што би се обложил?

Џон Киријаку: Дека бил шпион. Се чувствувам многу сигурен во таа проценка.