Кирил МИНОСКИ, екс министер за финансии

Терминот „заробена држава“ (анг. state capture) се појавил на почетокот на 2000-тите, првично дефиниран од Светската банка за да опише држави во кои мала група економски и политички елити ги претвора јавните институции во алатки за личен добив, на штета на општеството. Со времето, концептот стана особено релевантен за постсоцијалистичките и транзициските држави – каде демократските институции се слаби, а корупцијата и клиентелизмот се длабоко вкоренети.

Овој термин во почетокот е воведен со цел да се објасни состојбата во Централно Азиските земји кои произлегоа од Советскиот Сојуз, во кои мала група на луѓе има целосна контрола над државните институции кои носат одлуки што се во интерес на нивната економска позиција и моќ. Подоцна овие термини се користат и во објаснување на општествено политичките прилики во повeќе држави на Балканот.

Иако формално заробената држава изгледа нормално: се организираат избори, постои формална парламентарна демократија и соодветно законодавство, системот работи како фасада зад која здружено функционираат политичари, бизнис-елити и криминални мрежи.

Главите карактеристики на заробените држави се:

– Приватизирани инситуции – клучните позиции се делат по партиска линија, роднинска или пријателска линија, а не по стручност, што значи дека клиентилизмот и непотизмот се основа на функцинирање
– Судството и медиумите се под контрола – правдата е селективна, постои недопирливост за „нашите“, дедека секоја форма на критика се потиснува.
– Системска корупцијата – тендерите се „решаваат“ однапред, а јавните ресурси се пренасочуваат кон приватни џебови.-
– Демократијата постои само на хартија – граѓаните гласаат, но одлуките ги донесуваат оние кои ги контролираат полугите на моќ.

Најчестите последици од заробената држава се следниве:

• Одлив на мозоци – Талентираните и способните бараат начин да си заминат од државата затоа што успехот не зависи од знаење, туку од врски
• Економска стагнација – Сите инвеститори и странски и домашни избегнуваат нестабилни, корумпирани системи
• Загубена доверба – Граѓаните ја губат вербата во институциите, што води до целосна апатија
• Затворен круг: Државата се врти околу себе, не создава вредност, не се развива, само преживува додека волјата за реформи е изгубена

Иако формално се говори за реформи и просперитет за граѓаните заробената држава е затворен круг во која политичарите ја користат државата за лична корист, бизнис елитатата ја поддржува власта заради привилегија, корист или уцена, додека граѓаните се или заплашени, или рамнодушни, односно соучесници (преку гласање за истите партии или прифаќање мали „услуги“ за возврат на лојалност).

На крајот најчесто заробените држави неминовно порано или подоцна завршуваат трагично како за граѓаните така и за оние што го практицирале заробувањето на државата. Заробената држава е целосна спротивност на изворните републикански принципи на организирање на државата односно на принципите на слобода, братство и еднаквост на граѓаните.