Актерите на една од најубавите љубовни приказни досега, која трае веќе 65 години, се легендарниот глумец Кирк Даглас (102) и Ана Бајденс (99).
Тие се запознале далечната 1953 година, додека Ана била ангажирана во филмското студио како дублер во филмот „Lust for Life“.
Актерот и во тоа време плејбој Кирк биле воодушевен од убавината и интелигенцијата на Ана, и се вљубил во неа на прв поглед. Ја поканил да му се придружи на него и неговите пријатели на ручек и постојано си велел себеси дека оваа жена не смее да го одбие, таа мора да биде негова.
Во тоа време, илјадници жени сонувале да бидат поканети на ручек од Кирк Даглас, но Ана ја одбила поканата. Всушност, таа била првата жена што го одбила.
„Таа беше неосвоива и „најтешка“ жена, која што некогаш ја имав сретнато. Се сметав себе си за ѕвезда, неодолив и прекрасен човек и ладнокрвно ми рече: Благодарам, но јас сум уморна. Извинете, и си замина”, раскажува Даглас. во интервјуа.
Неговата прва реакција на отфрлањето на Ана бил бес. Како тоа една жена да го одбие? Но, нешто не му давало мир и тој не сакал да се откаже од Ана.
Како конечно успеа да ја освои?
Ана го одбила Даглас уште неколку пати. Тогаш сфатил дека сигурно прави нешто погрешно, кога девојката дури и не сака да испие пијалак со него.
„Престанав да го изигрувам романтичниот херој и не се обидував повеќе да ја импресионирам. Престанав да зборувам за себе и почнав да ја слушам што зборува. Тогаш започна вистинската љубовна приказна”, напиша Кирк подоцна во мемоарите.
Актерот дал се од себе за да и покаже на Ана дека не е арогантен плејбој кој спие со секоја жена што му се нуди. Наместо на вечера и хотел, тој ја поканил Ана на хуманитарен концерт и циркус. Таму се пријавил да јава слонови.
„Тоа е она што ме освои кај него, непредвидливоста. Не само што беше смешно и забавно, туку можев да видам дека Кирк може да биде сосема поинаков отколку што се претставуваше себеси. И што е најважно, тој беше способен за тоа што никој не би го направил, во позитивна смисла“, вели Ана.
Тие се венчале во мај 1954 година, една година откако се запознале. За сето ова време, Даглас ја опсипувал со оригинални љубовни писма. Тој и ги пишувал секој ден, каде и да го водела работата. И пишувал колку му недостасува и оти сонува дека Ана ќе биде со него секој ден од животот.
Со текот на времето, Ана сфатила дека не е за него трофеј, туку љубов. И дека тој е љубов на нејзиниот живот.
Љубовта на Кирк и Ана минала низ многу искушенија. Ана заболела од карцином на дојка и поминала низ тешка борба, додека Кирк паднал во депресија и на крајот доживеал мозочен удар, од кој никогаш не се опорави целосно.
Заедно преживеаја најстрашна трагедија што може да му се случи на еден човек – тие изгубија еден син. Но, ништо не успеа да ги раздели.
Останаа заедно повеќе од шест децении, а со годините тие само уште повеќе се сакаат.