Скопје не се развива по програмата „За модерно Скопје“ туку Скопје е темен град, град заробен од неспособноста на Данела Арсовска која со нејзиното водење на градот го уназади истиот во секое сегменти. Покрај колапсот на секое поле и низ сите јавни претпријатија која ги води Арсовска и нејзините кадри, за жал на ред дојде и скопската Зоолошка градина и животните во неа. Во скопската Зоолошка имаме помор на животните и епидемија, вели Стефан Кирков, член на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сведоци сме на последните немили случувања во скопската Зоолошка каде истава установа која беше радост за сите генерации, место кое го посетуваа и туристи, установа која беше една од најпосетуваните установи во Македонија по само 2 години владеење на Арсовска оваа установа се претвори во место во кое слободно ќе кажеме е куќата на стравот, установа која е пишувана низ светските медиуми како место кое е логор за животните и установа која не ги задоволува основните карактеристики за да биде дел од Европската асоцијација за зоолошки и аквариуми и токму затоа го загуби и статусот на потенцијална членка. Во последниве месеци имаме голем помор на животни и сето тоа пред целокупната јавност умешно низ ПР пропаганда се сокриваат причините за истото. Пред само 24 часа Скопје ЗОО ги загуби 3-те коњи од расата ПРЕЖЕВАЛСКИ КОЊ кој важат за едни од најретките коњи во светот кои се вистинско богатско и раса која е пред исчезнување и заштитена со закон, вели тој.

Посочи дека додека Арсовска која зема плата 2.000 евра и во моментов повторно е на посета по скапите метрополи и после 24 часа, немаме никакво известување од ПР службите на оваа установа, ниту од Град Скопје, умешно се молчи со цел да се сокријат причините за смртта на коњите и целокупниот помор кој што се случува во моментов во скопската Зоолошка градина.

-Од тука јавно сакаме да ја прашаме установата Скопје ЗОО и Данела Арсовска како одговорна, ако на секои 3 месеци се распишува тендер за набавка на свежа храна во износ од 10-тици илјади евра, како истото е можно и зашто животните се хранат со донирана непроверена храна за која не постои технолог вработен во оваа установа за проценка на квалитетот на храната и дали треба да се хранат животните со истата, каде завршува храната која редовно се дистрибутира од постапките кои што се со завршен тендер и потпис? Дали поморот на животни се должи од нездравата исхрана со која се прехрануваат животните? Дали паталошкиот наод од смртта на жирафата покажа бактерија салмонела која исто е создадена од неправилна расипана исхрана? Бараме веднаш итна истрага за сето ова кое се случува во оваа установа, нашите сомнежи се издржани низ овие прашања, ги повикуваме државните институции веднаш и детално да ги испитаат овие наоди како и јавно да се произнесат за епилогот од истото. Ја повикуваме Данела Арсовска да се врати веднаш од скапите патувања низ европските метрополи и за сето ова кое се случува во скопската Зоолошка градина целиот тим кој таа го постави со менаџерски скапи договори за плата, веднаш да си поднесат одговорност и неотповикливи оставки, вели Кирков.