Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Град Скопје, Стефан Кирков, со своја објава на фејсбук упати неколку прашања до моменталната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска.
Кирков праша:
„Добар ден градоначалничке?
Како сте?
Знаете ли дека Дрисла ви изгоре, Вардариште исто така, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате. Орце се утепа од работа да го гаси вашиот пожар.
А со ЈСП до каде сте?
Нели Скопје ќе го правевте модерен град.
За Зоолошка да не правиме муабет. Таму животните умираат од болести од 19ти век. Ова се лошите вести, добрите се што Скопје ќе ве преживее.
Си одите уште месец дена“.