Членот на Советот на Град Скопје, Стефан Кирков на социјалните мрежи истакна објава во која вели дека хоророт во скопската Зоолошка градина и натаму продолжува.

-Пред некој ден почината е млада женка мајмун од врската сијаманг. Се работи за трудна женка, важи за еден од најретките заштитени видови на мајмуни во Светот.

Додека директорот Попов и неговиот заменик со овластување Стаменов (истиот кој закла коњи и има кривична пријава) молчат, Данела Арсовска на мое прашање на интервју умешно ги браненеше овие двајца кои од Скопје ЗОО направија да е куќата на стравот.

Мајмунката според моите неофицијалните мои информации е тајно носена и во приватни ветеринарни ординации и до овој момент Скопје ЗОО крие.

Ќе има ли крај на ова?

Ги охрабрувам новинарите да го испитаат ова дека нашата зоолошка пропаѓа, а некој и натаму не поднесува одговорност, истакнува Кирков во објавата на социјалните мрежи.