Ги следам натписите и дел од коментарите во врска со моето минато. Тие оркестрирано излегоа од како се рашири информацијата дека ја превземам менаџерската позиција на Скопската Зоолошка градина, истакнува Стефан Кирков.

-Вистина е дека имам потврда од надлежни институции дека не сум осудуван со што целосно ги исполнувам сите законски услови за позицијата која се споменува. Јас знам дека моето предводење на Зоолошката не ги прави среќни одредени кругови и табори, но мене целта ми е заедно да допринесеме за напредна и успешна Скопска приказна со нашата Зоолошка градина. Сите кои добро ме познаваат, знаат дека целиот мој живот го посветив на животните и хуманиот пристап во начинот на нивното живеење. Јас никогаш не би направил нешто што ќе предизвика или направи штета на било кое животно или единка, напиша Кирков.

„Имам одлични планови за Скопската Зоолошка градина за да прерасне во центар на Балканот и да се носи рамо до рамо со околните Зоолошки центри под ЕАЗА- Европската Асоцијација за Зоолошки и аквариуми“, посочи тој.