Прилеп има четири екобуси за кои плати околу еден милион евра, но нема станица за метан, па тие ќе одат по гориво во Битола.
Прилепскиот градоначалникот Илија Јованоски вели дека станицата за метан требало да биде готова во јуни, но доцнела со изградбата, па за да не стојат автобусите во гаража, додека биде готова ќе полнат гориво во Битола.
– Жално е нови еколошки автобуси да стојат надвор од употреба, кога има начин како да се полни гориво. Не треба да се оди секој ден до Битола туку на пет дена. Трошоците и на овој начин се многу помали од оние кои ги имавме со автобусите на нафта. Одење и враќање од Битола за еден автобус ќе чини 1.000 денари, вели градоначалникот Јовановски.