Министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок утре ќе ja посети Македонија. Бербок во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со шефот на дипломатијата Бујар Османи, како и со други претставници на владата, опозицијата и парламентот.
Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека главниот фокус во разговорите ќе биде на пристапувањето на земјата во ЕУ, а особено потребата за уставни измени како неопходен чекор кон Унијата.
По посетата на Скопје, Аналена Бербок во петок ќе отпатува во Грузија.