Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани Трамп имала средба со доктор по интегративна медицина д-р Момир Дуњиќ, со кого разговарала за нејзиното здравје и добила совет за тоа како да го поправи.

Од петокот, од кога пристигна Тифани во Белград, со приватен авион, сите се прашуваат која е причината за нејзината посета на Србија.

Ќерката на Трамп дошла во Белград, меѓу другото, да се види со лекари кои се занимаваат со интегративна медицина.

Овој вид третман, кој се уште е во развој во овој регион, претставува спој на најдоброто од научната медицина и клинички докажани методи од комплементарна и традиционална медицина.

На Тифани и направиле детален преглед и и се дадени совети за тоа како да го подобри начинот на живот преку исхраната и физичката активност.

Бидејќи податоците на пациентите се строго чувани, а плус се работи за ќерка на американскиот претседател, никој не знае дали Тифани има посебен здравствен проблем или дошла превентивно, вели извор близок до луѓето кои се упатени во движењето на ТифаниТрамп.

-Не знам кој ви го кажа тоа. Не би сакал да зборувам за тоа,вели д-р Момир Дуњиќ, кој не дематираше дека Тифани Трамп била негов пациент.

 

View this post on Instagram

 

Поздрав из Србије ??

A post shared by Tiffany Ariana Trump (@tiffanytrump) on