Директорот на фармацевтската компанија КјурВак, Франц-Вернер Хас, денеска изјави дека прелиминарните тестови врз животни покажале дека кандидатот на компанијата за вакцина против Ковид-19 е ефикасен против британските и јужноафриканските мутации.
Хас ги информира пратениците во ЕУ дека резултатите од прелиминарните тестови за влијанието на вакцината врз мутациите на вирусот ќе бидат објавени наскоро.
Тој исто така рече дека компанијата очекува нејзината вакцина да биде одобрена во Европската унија до јуни.