Поранешниот напаѓач на Ајакс и Барселона, Патрик Клајверт, изјави дека е срушен по елиминацијата на неговите поранешни клубови од Лигата на шампионите.
Барселона загуби од Ливерпул со 4:0, по победата на првиот дуел со 3:0, додека Ајакс на гости го совлада Тотенхем со 1:0 но синоќа беше поразен во Амстердам со 3:2.
– Две разочарувачки вечери. Порази на Барселона и Ајакс – две екипи кои се во моето срце. Сакам да им се заблагодарам на нивните неверојатни перформанси, особено на младите момци од Ајакс.
Честитки за Ливерпул и Тотенхем кои се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, напиша Клајверт на социјалните мрежи.