Во своето гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство, вели ние мора да погледнеме кои се здравствените потреби сега.
-Значи јас кажав имаме здравствен систем од минатиот век. Ние мора да погледнеме кои се здравствените потреби сега. Ние имаме Клинички центар кој конзумира по половина од јавното здравство во Македонија и за потребните таблети за рак треба да патувате од Дебар, Пробиштип или од Струмица до Скопје, вели Клековски.