Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко на социјалните мрежи информира дека главниот украински град рано утрово бил цел на напад.
Тој напиша дека имало експлозии во областа Дарњицкиј, и оти на самото место во моментов има спасувачки и медицински екипи.
– Уште еднаш апелирам до сите: Ве молам да не ги игнорирате сирените за воздушна опасност. А оние жители на Киев кои досега заминаа и сакаат да се вратат во главниот град, ве замолувам да се воздржите од тоа и да останете на побезбедни места, нагласи Кличко.
Дарњицкиј се наоѓа во југоисточниот дел на главниот град на Украина, на левиот брег на реката Дњепар.