Појавата на торнадо во Романија не е вообичаена, но во Европа, според податоците на Европската лабораторија за опасни бури, минатата година се забележани 172 торнада.
Студена воздушна струја од Бугарија се судри со потопол, повлажен воздух во јужниот дел на Романија. Се создаде торнадо, кој го погоди подрачјето на округот Драјна, околу 70 километри од Букурешт.
Брзината на торнадото вчера изнесувала околу 90 километри на час, предизвикувајќи штета врз куќите, возилата и полињата. Се превртел и автобус со 12 патници, кои биле повредени.
Лошињскиот „ловец на бури“ Сандро Пунцет (39) изјави дека создавањето торнада во Европа не го поврзува со глобалното затоплување.
– Кога ќе се спојат сите параметри, како што е нестабилна атмосфера, топол и влажен воздух, се создава торнадо. Едноставно мора да се поклопат сите тие параметри, тврди Пунцет.
Во Хрватска во текот на претстојниот викенд се очекува промена на времето. Ќе врне дожд, ќе дува силен ветер, но ќе паѓа и снег.