Првото бебе се роди во Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев во раните утрински часови денеска. Дежурната екипа на свет го донесе првото машко бебе спонтано породено со телесна тежина 3.460 гр и 50см, а новороденчето ќе се вика Огнен.
Родилиштето и одделот за неонатологија во Клиничката болница Жан Митрев, беше отворено вчера и овозможува мултидисциплинарен пристап во следење на мајката пред бременоста, за време и во постпородилна фаза. Центарот располага со најсовремена опрема од врвни светски производители и искусен медицински персонал, каде се сместени две родилни сали, соби за будење, операциона сала, шест инкубатори и четири соби апартмани, неонатолошка, гинеколошка ординација и ординација за прегледи.
По повод започнувањето со работа на центарот, креирани се специјални пакети со голем број поволности и попусти а се транспарентни без дополнителни или скриени трошоци, за спонтано породување цената е 95.000 денари а за породување со царски рез, 130.000 денари.
Клиника Жан Митрев соработува со сите приватни здравствени осигурителни компании за што има транспарента понуда со промотивни цени кои се без скриени дополнителни трошоци. Дел од поволностите се бесплатни акушерски прегледи по 36 недела како и бесплатни педијатриски прегледи на новороденото во првиот месец.