Кави Леонард се уште нема одиграно ниту минута за Торонто Репторс, но веќе сериозно се зборува за следната дестинација во неговата кариера. Според информациите на телевизијата ЕСПН, главен фаворит за услугите на крилото е тимот на Лос Анџелес Клиперс.
Клиперси ќе ги имаат потребните финансии за два максимални договори по крајот на сезоната 2018/2019, а претпоставките се дека еден од нив ќе биде за Леонард. Другиот играч, кој се споменува за партнер на Каваи во Калифорнија е Џими Батлер, кој вчера побарал да ја напушти Минесота.
Леонард има опција во неговиот сегашен договор, според која може да го продолжи за уште една година за 21 милион долари. Генералните очекувања, сепак, се дека Кави ќе ја напушти Канада и ќе се упати кон Калифорнија