Кошаркарите на ЛА Клиперс славеа победа на гостувањето нкај Феникс со 121-111. Тоа беше петти по ред пораз дома на Феникс.

Клиперси победија благодарение на подобрата игра во првите две четвртини.

Феникс беше разнишан на стартот – првата четвртина ја загубија со 38-19.

Кај Клиперси на крајот шест кошаркари имаа двоцифрен учинок – Данило Галинари – 21 поен со седум скокови и шест асистенции како и Лу Вилијамс кој успеа да погоди ист број поени со три скокови и четири асистенции.

Кливленд – Јута 91: 117
Бостон – Далас 114: 93
Чикаго – Индијана 116: 119 (по продолженија)
Мемфис – Бруклин 100: 109
Мајами – Вашингтон 115: 109
Минесота – Орландо 120: 103
Милвоки – Атланта 144: 112
Феникс – Лос Анџелес Клиперс 111: 121
ЛА Лејкерс – Њујорк 112: 119
Портланд – Оклахома 109: 111