Главниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп го сподели своето мислење за продолжување на Германското првенство 2019/20, претходно прекинато поради пандемијата на коронавирус.

– Многу сум задоволен што продолжи германскиот шампионат. Во однос на гледањето фудбал, јас сум прилично чудна личност: кога не гледам наши натпревари, тогаш најчесто гледам без  звук. Не сакам да слушам коментари, самата игра е интересна. Секако, фудбалот без гледачи воопшто не е тоа на што сме навикнати. Сите ние сакаме да слушаме скандирања на навивачи. Сепак, сега не постои таква можност. Луѓето сега мора да уживаат во тоа што се нуди. Да се ​​радуваме што фудбалот ни се врати, а не да размислуваме за отсуството на навивачи на трибините. Се чини дека без гледачи е сосема можно да се игра, Германија веќе го докажа ова. Во исто време, во последното коло од Бундеслигата видовме многу квалитетен фудбал. Се надевам дека ќе го гледам истото кога сезоната ќе се обнови во Англија, изјави Клоп.

Ливерпул е убедлив лидер на табелата во Премиер лигата и Клоп е на пат на клубот да му ја донесе шампионската титула, прва по три децении.