Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп верува градското дерби со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ нема да одлучи кој ќе ја освои титулата во Премиер лигата.
„Црвените“ се во битка за трофејот, со ист број на бодови како лидерот Манчестер Сити, но со меч помалку, па германскиот експерт верува дека ова е само уште еден во низата на важни натпревари.
– Ако на оваа средба гледавме како што гледаат повеќето луѓе, тогаш тоа би значело дека ние прифаќаме преголем притисок. Вие не може да го направите тоа. Ако изгубиме, а јас искрено за тоа и не размислувам, тогаш ние се уште ќе бидеме со исти бодови како со Манчестер Сити. Тотенхем веројатно ќе биде два бода позади нас. Тоа е најлошото сценарио, рече тој.
Клоп вели дека во вакви натпревари нема фаворити.
– Имаме можност да игра,е одлично во преостанатиот дел од сезоната и тој период гопочнуваме со еден од најтешките натпревари. Дури и ако имаме 20 поени предност, не постои гаранција дека ќе победиме на „Олд Трафорд“, бидејќи едноставно се работи за Манчестер Јунајтед, а и има причина зошто тие сакаат да не победат токму нас. Ние треба да размислуваме за тоа како да им наштетиме и тоа е единственото нешто што го правам. Не можеме да продолжиме да размислуваме за последиците од одредени резултати. Ако победиме, што значи тоа? Дека ние сме во добра форма, јасен е Германецот.
Тој вели дека не ги разбира сите оние кои веќе објавуваат кој ќе биде шампион.
– Никогаш титулата нема да биде решена на 12 круга пред крајот. Ќе биде ужасно тешко. Ова е голем тест и јас го почитувам тоа. Мислите дека тоа е голем натпревар само за Јунајтед? Влезете во нашата соблекувална и момците кои се тука, ќе ви кажат сè. Секој знае дека ова е еден од најголемите натпревари во фудбалот, и ние мораме да се подготвиме за тоа, додаде Клоп.