Германскиот фудбалски стручњак, Јирген Клоп, го запиша својот 150-ти премиерлигашки натпревар како тренер на Ливерпул, и според билансот што го има, тој во моментов е на второто место на вечната листа.
Средбата која „црвените“ ја добија против Челзи, беше 150-та за Клоп во неговата премиерлигашка кариера и дојде до 92-рата победа. Со ваков биланс, Клоп го надмина и легендарниот Сер Алекс Фергусон, кој имаше 90 победи на првите 150 меча.
Но, пред Клоп има еден друг тренер кој бил поуспешен, а тоа е „специјалниот“ Португалец Жозе Мурињо кој на првите 150 дуели во Англија, имаше дури 105 победи. Првата позиција на Мурињо може да ја загрози Пеп Гвардиола од Манчестер сити. Гвардиола веќе има 91 победи и тоа од само 120 меча.