Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по поразот од Атлетико во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, рече дека е задоволен од играта на неговиот тим и дека во реваншот ќе се решава победникот.
– Не требаше да се случи, но се случи. Добивме битка како што очекувавме и атмосфера како што очекувавме. Ми се допаднаа многу аспекти на играта. По првото полувреме кое го доби противникот, во второто игравме како на свој стадион. Атлетико се бранеше со сите сили, нивната одбрана беше неверојатна. Имаме реванш на свој терен. Ништо не е готово, изјави Клоп.
Ливерпул кој го брани трофејот во елитното натпреварување, синоќа загуби со 1:0. Реваншот е закажан за 11 март.