Коалицијата „Менуваме“ одржа уште еден протестен марш

/ 09.08.2021

Под мотото „Биди херој, излези и избори се за достоинствен живот“, коалицијата „Менуваме“ попладнево одржа протестен марш од пред Влада и до Собрание.

Бараат поддршка од граѓаните за остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен, општествен живот на лицата со попреченост.

Менуваме“ бара покачување на додаток на попреченост од 7.100 на 12.000 денари, посебниот детски додаток да порасне од 5.100 на 10.000 денари, и додатоците да се изедначат со минималната плата во државата во следните две години.

Инаку, Министерството за труд и социјална политика во пресрет на најавениот протест на коалицијата „Менуваме“ вели дека министерството интензивно работи на унапредување на инклузијата на лицата со попреченост во нашата држава и најави зголемување на паричниот надомест за оваа група граѓани за 15 проценти од следната година.


Од истата категорија