Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа вчеравечер во студиото на ТВ21 изјави дека денеска ќе поднесе оставка од министерската функција.
Хоџа најави дека деталите ќе ги образложи на прес-конференција која се очекува да се одржи денеска.
Актуелниот министер во владата на премиерот Зоран Заев беше еден од најгласните во иницијативата за уривање на власта.