Премиерот Зоран Заев попладнево ќе се сретне со претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во рамки на неговата серија средби со коалициските партнери, потврдија од Владата за МИА.
Предвидено е тие да се консултират и да разменат мислења за програмата на новата Влада.
Средбата доаѓа по оставката на Заев од претседателската функцијата во СДСМ и официјалното преземање на партијата од страна на новиот лидер Димитар Ковачевски.