Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, не ја коментира изјавата на академик Абдулменаф Беџети за формирање на посебна албанска академија.
Коцарев најави дека Собранието на МАНУ по одморите ќе заседава за сите прашања.
„Не би коментирал ништо за академик Беџети. Тие прашања треба да се разговараат внатре во Академијата. По одморите ако некое од одделенијата побара, Собранието ќе одржи седница. Седницата пак, за францускиот предлог точно е дека беше закажана, па одложена за по одморите. Ја одложивме бидејќи за денот кога беше закажана, с уште го немавме на увид францускиот предлог“, изјави Коцарев за Слободен Печат.
Академик Абдулменаф Беџети во колумната за „Лајм“ порачува дека ја прифаќа „фрлената ракавица“ од академик Катица Ќулавкова за која посочува дека во интервју за ТВ Канал 5 изнела предлог за создавање трета албанска академија