„Со одлука на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Данела Арсовска е поддржана како независен кандидат за градоначалник на град Скопје. Како долгогодишен член и функционер, пратеник, градоначалник, претседател на ЗЕЛС и давам поддршка за градоначалник на Скопје кој ќе работи за интересите на скопјани со што ќе престане четиригодишната стагнација и уништување на македонската метропола.“

Ова денеска го напиша на својот ФБ профил екс градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, отстранувајќи ги на тој начин шпекулациите дека бил незадоволен од одлуката на партијата со која тој не екандидран за повторен мандат.