Од функцијата Државен јавен обвинител заминувам со гордо крената глава, но и со разочараност поради очигледното непочитување на принципите врз кои почива правната држава, рече Љупчко Коцевски кој денеска си поднесе оставка пред да биде разрешен од Собранието на Република Македонија.
Разочаран бил оти официјално „еден час пред закажаната седница за негово разрешување, му била доставена поканата за присуство, а не му бил доставен ниту предлогот за разрешување“. Коцевски имаше можност да напише оставка и гордеење уште кога му беше изгласана недоверба од Собранието, на седницата за негова интерпелација. Сепак, тој на овој чекор се реши откако сфати дека ќе биде разрешен, во последен час пред почетокот на седницата на Собранието за негово разрешување.
Коцевски беше избран на функцијата пред нецели две години, кога на власт беа СДСМ и ДУИ.
Фото: Архива




