За 13 осомничени полицајци од Штип и Кочани, се бараат мерки за обезбедување на присуство. Тие се гонат оти при акциската контрола, не спречиле да биде активирана пиротехниката. Но, истовремено, постапиле и спротивно на прописите за заштита и одобриле акциска контрола во дискотеката.

„На 16 март, на место каде биле собрани поголем број на луѓе, не спречиле активирање на пиротехника на сцената каде настапила музичката група ДНК. Палењето не било пријавено во ПС Кочани, а од која пиротехника настанал пожарот. По што не преземале мерки за заштита на лицата во Пулс. Во текот на акциската контрола настанал пожар“, рече рече јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

Тој рече дека тие се гонат за тешки дела против општата сигурност.

„Постои основано сомнение дека од 14 март 2025 година до 16 март 2025 година, на територијата на СВР Штип, осомничените како службени лица сториле кривично дело, тешки дела против општата сигурност. Истите како соизвршители не постапиле според прописите за заштита, одобриле план за акциска контрола за контрола на територија на Кочани, без да проверат дали се запазени одредбите од стандардните оперативни процедури за вршење полициски работи. Овој план кој бил изготвен врз основа на претходно изготвени планови, било постапено“, додаде Коцевски.