Неспорно е дека голем предизвик ќе биде да се одвојуваат пет проценти од БДП за одбраната, но ние сме членка на НАТО и имаме обврски кои треба да ги испорачаме. Добро е што има период на прилагодување, изјави вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во однос на

– Ние ќе мора да ги испорачаме овие обврски. Добро е што има период на прилагодување кога ќе треба на направиме реструктуирање на буџетот и да ослободиме средства од Буџетот за одбраната. Неспорно тоа е голем предизвик, но ние сме членка на НАТО и имаме обврски кои треба да ги испорачаме, рече Димитриеска-Кочоска во емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма.

Земјите членки на НАТО вчера на Самитот во Хаг се обврзаа да инвестираат по пет отсто од националниот БДП годишно за основните потреби за одбраната и безбедноста до 2035 година.