Дополнителниот заменик-министер за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, порача дека граѓаните треба да бидат сигурни дека ниту една исплата нема да оди надвор од рамките на законот.
Ние од моментот кога ќе влеземе во министерството, ќе почнеме со работа и она за што граѓаните треба да бидат сигурни е фактот дека ниту една исплата нема да оди надвор од рамките на законот. Исто така, сè што ќе биде за поткуп за изборни цели ќе биде стопирано. Значи, ќе работиме само во рамки и согласно законот. Ништо надвор од тоа, истакна Димитриеска Кочоска.