Владата најавува најтешка енергетска зима, но не превзема ништо да ја ублaжи енергетската состојба – вака професорот и експерт по енергетика, Kонстантин Димитров ја коментира за ТВ 24 најавата од власта за нова кризна состојба.

Димитров обвинува дека не се прават долгорочни договори за купување струја, поради како што вели профит.

„Владата ништо не презема, ама им одговара на некои трговци со електрична енергија колку е повисока цената на електричната енергија толку е зголемен нивниот профит процентуално. Зошто да купува нешто што е 200 евра ако може да го купи 500 евра и само 10 посто ќе му биде маржата, 10 посто на 200, или 10 посто на 500 видете која е разликата на трговецот. А се оформија некои на татини дечиња фирми за трговија со електрична енергија ќе има тука пари, ќе течат“- вели универзитетскиот професор и експерт по енергетика, Димитров.

Можеа да го договорат транспортот на гас за нас, ако државата не сака да спроведува казнени мерки против Русија, да се договори и да транспортира до Македонија, иако Бугарија не купува. Изјавата дека ќе купуваме гас од Азербеџан не вреди, таму не се купува на кило, се купува на договор на 5-6 години . Без гас од денеска се јавува многу сериозен проблем, ама затоа викаме ЌЕ купиме мазут. Кога? Кога ќе поскапи малку, нормално, зашто провизијата е на трговците, вели Димитров за ТВ АЛФА.

Тој денеска за Канал 5 вели дека домашните капацитети се во лоша состојба и се помалку произведуват електрична енергија, па најавите дека допрва ќе се набавуваат енергенси ги смета како несериозни.

„Јас како граѓанин не се чуствувам безбеден, сум загрижен дека и покрај верувањата на Владата нема да е се мазно.  Доколку нема од кај да се купи, ако има блокади на границите, па можни се рестрикции. Ако не сме купиле досега, не сме направиле долгорочни договори, ќе имаме проблеми“, вели за Канал 5 Димитров.