Жител на Масачусетс двапати ја испразни касата на лотаријата во таа американската сојузна држава. Лозот е купен на бензинска станица, а добивката е еден милион долари.

Добитникот Ралф Роудс и лани го освои истиот износ на оваа игра на среќа. Тогаш избра одеднаш да подигне 650.000 долари во готово, наместо секоја година да добива 50.000 долари, во тек на 20 години.

Не е позната одлуката на Роудс за добивката овојпат.

Ова не е прв таков случај. На Флорида еден човек во 2013 година освои три милиони долари на лотаријата што претходната година му донесе 10 милиони. Потоа, 2016 и 2018 година еден Французин двапати освои по еден милион евра играјќи истата наградна игра.

Според статистиката, можноста да се случи тоа е еден спрема 16 трилиони.