Хрватските медиуми се осврнаа на големиот настан, кој деновиве го стави Белград на културната мапа на светот. Изложбата на Марина Абрамовиќ насловена „Чистач“ е отворена на 21 септември, а порталот „Индекс“ се прашува како тоа една уметница која вика, ја четка коската и гледа во магариња заработува милиони долари?

„Абрамовиќ во Белград немала изложба веќе 40 години, а сега нејзината изложба ги чини граѓаните 660 илјади евра. Во сиромашна Србија, овој потег на владата наиде на бројни забелешки, особено поради фактот што српската премиерка Ана Брнабиќ лично се потруди да ја донесе Абрамовиќ во Белград.

 

 

View this post on Instagram

 

Confession, 2010.

A post shared by Marina Abramović (@abramovicperformance) on

Изложбата „Чистач“ содржи 120 нејзини дела, чија цена е меѓу 300 и 400 илјади евра. И покрај тоа што организаторите се надеваат дека ќе заработат милиони евра, критиката не престанува затоа што за изложбата се издвоени пари од буџетот.

Многумина ја нарекуваат уметноста на Марина Абрамовиќ измама. А најголемата критика започна кога Музејот за современа уметност ги откупи правата за прикажување на перформансот „Исповед“ на Марина Абрамовиќ за 100.000 долари. Тоа е видео кое трае еден час и ја прикажува уметницата како постојано зјапа во магаре.

Абрамовиќ е позната по своите бизарни претстави кои ги обожаваат стотици илјади луѓе ширум светот, но не крие дека постигнала успех само кога ја напуштила Југославија. Во нејзината книга „Проаѓам низ ѕидови“, уметницата го опишува растењето во Југославија како одвратно искуство.

Во книгата, таа признава дека пораснала во пеколен брак на нејзините родители, Воје и Даница Абрамовиќ, кои се запознале за време на Втората светска војна и си ги спасиле меѓусебно животите.

„Живеевме во центарот на Белград, во луксузен стан со три спални соби и имавме слугинка. Отсекогаш знаев дека нашиот дом е најлуксузен во градот, а подоцна сфатив дека живееме во еврејски стан што го зазеле нацистите, а подоцна и партизаните“, вели Абрамовиќ.

„Во Југославија имаше сивост и недостиг на се и сешто. Тогаш започна таа југословенска естетика грдотија, но јас бев целосно свесен дека моето семејство е привилегирано и дека ние сме црвената буржоазија“, пишува уметницата.

Во Америка, уметничката сцена ја обожава Абрамовиќ. Една од нејзините најомилени обожаватели е познатата пејачка Лејди Гага.