Подолго од 20 минути траеше синоќа драмата на стадионот во Копенхаген – лекарите се бореа за животот на данскиот капитен Кристијан Ериксен, а неговите соиграчи го заштитија со своите тела од фоторепортерите и камерите.
Сè што можеше да се слушне беа нивните треперења. Немаше глас на трибините, никој не се осмелуваше да зборува. Тажните сцени изгледаше како да траат цел ден, а не минути.
За Сабрина Квист Јенсен тоа беше кошмар. Долгогодишната девојка на данскиот капетан и мајка на нивните две деца (3 години и година и пол) плачеше и гледаше што се случуваше од трибините, а потоа се втурна кон теренот и влезе во тревникот придружувана од чувар.
Тие ја спречија да не оди на местото каде што го оживуваа Кристијан. Каспер Шмајхел беше првиот играч од Данска кој стигна до неа. Тој силно ја прегрна и наскоро дојде Симон Кјаер, играчот кој прв му помогна на Ериксен и спречи да се задуши до доаѓањето на медицинскиот тим.
Ериксен бил свесен кога конечно бил изнесен од теренот и пренесен во болница.
Играчот за врска на Интер и најголемата sвезда на Данска успеа да ги повика соиграчите од болницата, а Сабрина остана со него за време на тестовите.
Сабрина не е од типичните „жени фудбалерки“ – таа се обидува да живее тивок, семеен живот далеку од очите на јавноста, така што ретко можеме да ја видиме во медиумите, а има ретки ситуации кога папараците успеваат да ги забележат нејзините излегувања со пријатели, мирни вечери во нивните омилени ресторани.
Сабрина и Кристијан запловија во романса во 2012 година, а пет години подоцна соопштија за јавноста дека го очекуваат своето прво дете. Во јуни 2018 година го пречекаа својот син, кој веднаш стана центар на нивниот свет, а славниот фудбалер често споделува фотографии на социјалните мрежи кои покажуваат колку ужива во родителството и семејниот живот.
На крајот на минатата година, двојката повторно ги сподели најдобрите вести со јавноста, кога уште еден член се придружи на нивното семејство.