Банката „Силиконска долина“ пропадна, што резултираше со вториот најголем банкрот на финансиска институција во историјата на САД, јавуваат американските медиуми.
Нејзините средства беа запленети од американската Федерална осигурителна корпорација, а банката пропадна откако нејзините клиенти, главно работници во ИТ секторот и компании со ризичен капитал, почнаа да ги повлекуваат своите пари.
Од Федералната осигурителна корпорација соопштија дека во моментот на нејзиниот колапс, банката имала средства во вредност од 209 милијарди долари и 175,4 милијарди долари депозити. Банката Силиконска долина е 16-та по големина во САД , со имот од 210 милијарди долари.