Неколку лица, според првичните податоци, с е жртви на напад со нож во источниот дел на Белгија. Напаѓачот бил оневозможен.
Според локалните медиуми, не станува збор за терористички напад.
Инцидентот се случил попладнето во местото Моресне Шапел, општина Пломбиер, во близина на Лиеж. Нема опасност за жителите на гратчето.
Полицијата спроведува истрага.
Според податоците на La Meuse, вооружениот маж со нож заклал неколку лица, при што две жени загинале.
Напаѓачот бил поранешен пријател со една од жените.
Настраданите со хеликоптер биле однесени во болница.
Местото е „окупирано“ од полиција.
Според некои локални медиуми станува збор за семејна трагедија. Напаѓачот влегол во ресторан и почнал да ги напаѓа присутните.
Точниот број на загинати и ранети не се соопштува.