Се уште актуелната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека нема намера да ја напушти земјата откако новоизбраниот претседател Зоран Милановиќ и официјално ќе ја преземе функцијата, јави дописникот на МИА.
Грабар-Китаровиќ планира времето во иднина да го посвети во заштита на жените, децата и ранливите категории граѓани од насилство.
За порталот 24часа.хр, таа изјави дека и по изборите се чуствува добро.
– Кога една врата ќе се затвори, друга ќе се отвори. Се гледам како се занимавам со заштита на слабите, ја промовирам заштитата од насилство врз жените и децата, но и врз животните, изјави Грабар-Китаровиќ за порталот.
Таа најави и дека од крајот на својот мандат ќе одработи уште неколку однапред закажани состаноци и службени патувања.